More

    Со новиот тарифник, за кој дала согласност и Владата, цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности се повисоки за фантастични 100%, 200% па дури и 500%

    spot_img

    Со новиот тарифник, за кој дала согласност и Владата, цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности се повисоки за фантастични 100%, 200% па дури и 500%. Геодетите се во паника и бараат итна средба со премиерот Димитар Ковачевски, бидејќи новите поскапувања директно ќе ги засегнат.

    Ако досега за податоците штo се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари. Правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари. Имотен лист чинеше 180 денари, а сега – 250 денари.

    Никола Рибароски, претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи, на прес-конференција изјави дека Агенцијата за катастар на недвижности ги зголемила надоместоците со новите тарифници без никаква консултација со нив, а истовремено одбива да им го одобри новиот тарифник за корекција на цените, иако фелата се соочува со зголемени трошоци подолго време.

    – Како најголем парадокс, би го навел најголемото зголемување на цената за купување податок за координати на геодетска точка, што досега чинеше 67 денари, а сега – 409 денари. Ова дотолку повеќе што условите налагаат овој податок речиси и да не се употребува, а мора да биде купен при изработка на секој елаборат. Анализата што ја направи Комората за свои потребни покажува дека ако досега просечно годишно едно геодетско друштво кон Агенцијата имало трошоци од 111.450 денари за 150 предмети, сега овој трошок е 232.000 денари – рече Рибароски.

    Во Комората на трговски друштва за геодетски работи при Сојузот на стопански комори членуваат 140 геодетски друштва.

    – Нашите трошоци се зголемени по разни основи. При тоа, огромен трошок се услугите на Катастарот. Но, може ли некој да објасни кои трошоци се зголемени во Катастарот, за вака драстично да поскапат услугите? Струјата им поскапела? Бензинот? Или партиските вработувања? – револтирано прашува геодет, кој сака да остане анонимен.

    И опозициската ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на новиот тарифник.

    – Фалична е власта на Ковачевски, затоа што е одлепена од реалноста. Во услови на тешка економска криза и сиромаштија ги оптоварува граѓаните и субјектите со повисоки цени на услугите. Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која во изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем? – прашува ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img