Со полагање свежо цвеќе, историски час и посета на Спомен собата, денес во село Сливово се одбележа јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година.
Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност.
Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се спротивставила на фашизмот.
Затоа, наша и на идните генерации света должност е тие придобивки да ги чуваме и негуваме, бидејќи на тој начин си ја чуваме државата истакна градоначалникот Ногачески.
Денешниот ден е и Патронен празник на ООУ Дебрца – Белчишта,а учениците и наставниците по тој повод со пригодна свеченост под мотото “Ние сме деца на иднината”го одбележаа патрониот празник.