Во вторник, на 31 октомври, во Сараево бил ликвидиран шведскиот државјанин Харис Остердал (30), за кој шведските медиуми јавуваат дека бил поврзан со озлогласениот Рав Маџид, попознат како Курдската Лисица, кој бил на чело на мрежата Фокстрот.
Како што претходно објавија медиумите, се верува дека криминалната мрежа Фокстрот, на чело со ирачкиот Курд Рава Маџид (37), кој пораснал во Упсала, а моментално се наоѓа во Турција, е одговорна за последниот бран напади во Шведска, пренесува N1. Сараево.
Внатрешен јаз во мрежата на Фокстрот започна крвава спирала на одмазда. На едната страна од конфликтот е озлогласениот водач Маџид, кој е познат и како курдската лисица, а на другата страна е неговиот досега најблизок соработник Исмаил Абдо познат како Јагода.
Во изминатите неколку недели загинаа 12 лица. Неколку злосторства се случија во поранешниот роден град на Маџид, Упсала. Извори за Aftonbladet велат дека роднините на двајцата мажи сега бегаат од Шведска.
И Маџид (36) и Абдо (33) се верува дека се во Турција. Според информациите на „Афтонбладет“ таму заминале и многу нивни роднини.
Спиралата на насилство започна кога мајката на Исмаил Абдо беше убиена во областа Упсала во Гранби. Се верува дека Маџид го нарачал убиството.
Нема да застанеме додека Лисица не е мртва или фатена“, изјавил за шведски „Експренсен“ извор близок на Абдо.
„Шведаки СВТ“ известува дека на ова му претходеле две убиства во Истанбул, Турција.
Но, се претпоставува дека овој конфликт датира од претходен случај. Имено, во шведското подземје кружат гласини дека Маџид е осомничен дека учествувал во двојна игра во која крадел наркотици од Абдо.
Инаку, интересна случајност е што пред четири дена во Белград, на барање на Кралството Шведска, беше уапсен шведскиот државјанин В.М.(37), кој е и член на злогласната група „Фокстрот“.
Наводно, како што пренесуваат медиумите, уапсениот Швеѓанец во Белград бил главната алка во нарко синџирот. Неговата задача била да ги поврзе дилерите од Србија и Црна Гора со „колеги“ од Скандинавија, односно со членови на неговиот клан, кои дополнително дистрибуирале наркотици.