Со испраќањето оружје во Украина, Америка е на чекор до војна со Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Испраќањето оружје во Украина е пат кон конфликт меѓу Русија и САД, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

– Кратковидоста на Американците е очигледна во сегашните околности. Опседнати со желбата да и нанесат стратешки пораз на Русија, локалните елити ги зголемуваат тензиите, пумпајќи оружје во режимот во Киев. Дали е навистина јасно дека тоа е патот до директен воен конфликт меѓу најголемите нуклеарни сили што ќе има непредвидливи последици? – се вели во написот на Антонов за Newsweek, чиј текст го објави руската дипломатска мисија.

Антонов вели дека плановите за санкции на САД против Русија исто така не функционираат.

– Непромисленото воведување рестрикции само ја влошува ситуацијата во американската економија. Односно, излегува дека во антируското лудило Вашингтон е подготвен да си пука во нога и да танцува во исто време. Тоа изгледа апсурдно – оцени рускиот амбасадор.

Share This Article