Со европско знаменце и по брза постапка ќе се носи Солидарниот данок и данокот за повисок ДДВ за луксузните прехранбени производи.
Образложението зошто се брза е бидејќи се работело за закони со кои се врши усогласување со европските директиви и имплементација на препораки, ќе бидат испратени повторно до Собранието со цел да се вклучат во Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА), велат од финансии.Со Солидарниот данок ќе бидат опфатени компаниите кои во 2022-та имале приход над 10 милиони евра и профит за 20% поголем од четиригодишниот просек.
Измените во законот за ДДВ пак, се однесуваат на луксузните производи, како перки од ајкула, морски плодови, тропски овошје.