Сер Елтон Џон и оддаде почит на „милоста и пристојноста“ на тукушто починатата британска кралица Елизабета Втора на концертот во Торонто, Канада, одржан вчера.
Пејачот ѝ беше пријател нејзе и на кралското семејство, па лани беше одликуван и со „Орденот на Придружбата на честа“ (Order of the Companions of Honour), каде што членството е ограничено на 65 луѓе. За време на неговиот концерт во „Роџерс центарот“, Сер Џон им се обрати на обожавателите.
– Денеска ја имаме најтажната вест – онаа за смртта на Нејзиното височество, кралицата Елизабета. Беше инспиративно присуството да се биде во нејзина близина! – истакна прочуениот пејач.
– Имам 75 години, таа е со мене цел живот и се чувствувам многу тажно што повеќе нема да биде тука, со мене. Но, мило ми е што е во мир, мило ми е што конечно најде мир и го заслужи тоа. Работеше напорно. Ја испраќам мојата љубов до нејзиното семејство, најблиските и, таа ќе ни недостига на сите. Но, нејзиниот дух живее, а ние вечерва го славиме нејзиниот живот со музиката – изјави Сер Џон.
Откако ѝ оддаде почит, следеше емотивна изведба на „Don’t Let The Sun Go Down On Me“.