Вчера попладне четирицикл излета во атар на село Галичник, при што тешко повредена е млада девојка од Скопје.
„На 01.05.2024 во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје, информираа од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар