More

    Со автомобил удрил во ограда, а потоа фрлил запаливи бомби врз седиштето на владејачката партија

    spot_img

    Непознат маж фрли неколку огнени бомби врз седиштето на јапонската владејачка партија и премиерот Шигеру Ишиба во Токио.

    Засега не се знае дали има повредени.

    Мажот, кој бил уапсен на лице место, со својот автомобил влетал во блиската ограда. Неговиот мотив за нападот не е познат бидејќи полицијата во Токио одби да го коментира инцидентот, велејќи дека предметот  е под истрага, а партијата исто така одби да даде изјава.

    Владејачката Либерално-демократска партија е сè понепопуларна во јавноста поради финансиските скандали и сомнежите за затајување данок.

    Партијата неодамна избра нов лидер, премиерот Шигеру Ишиба, со надеж дека ќе промовира нов имиџ. Сепак, анкетите покажуваат дека неговата популарност се намалува, иако сè уште е нејасно дали тој ќе го загуби мнозинството во Долниот дом на претстојните избори на 27 октомври, со оглед на разбиената опозиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img