More

    Со 9 милиони евра ќе се помагаат млади претприемачи

    spot_img

    Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека ќе одобри заем од 9 милиони евра за  поддршка на млади претприемачи, за отворање нови бизниси и за промовирање на зеленото кредитирање во Северна Македонија.

    Два милиона евра се заем од програмата на ЕБОР Youth in Business (YiB) и се наменети за поддршка на локалните микро, мали и средни претпријатија во сопственост или управувани од претприемачи на возраст под 35 години.

    Програмата YiB е поддржана од владите на Шведска, Италија и Луксембург, и е насочена кон иновативни млади претприемачи кои имаат ограничен пристап до финансиски и советодавни услуги.

    Седум милиони евра се заем од Зелениот финансиски фонд (ГФФ) на ЕБОР и ќе се користат за кредитирање на локалните мали и средни претпријатија. Домашните бизниси кои ги исполнуваат условите ќе добијат и грантови за поддршка на нивните инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетски ефикасни технологии.

    ГФФ е заедничка пилот иницијатива на ЕБОР, УНДП и владата на Северна Македонија. Обезбедува пристап до прифатливи зелени финансии за малите и средните претпријатија, како и пазарните, но недоволно поддржани поединци и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетски ефикасни мерки, придонесувајќи за намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот.

    Парите од овие кредити  ќе се нудат преку ПроКредит Банка.

    ЕБОР од 1993 година има инвестирано повеќе од 2,6 милијарди евра во 180 проекти во Северна Макеоднија, од кои речиси половина се во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е поддршка на конкурентноста, зелената транзиција и понатамошната интеграција на регионалните и глобалните пазари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img