Со 64 гласови „за’“ Собранието ја избра Јадранка Дабовиќ-Анастасовска за судија на Уставниот суд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со 64 гласови „за’“ Собранието на денешната 131 седница ја избра Јадранка Дабовиќ-Анастасовска за судија на Уставниот суд.

Дабовиќ Анастасовска по изборот ја потпиша свечената изјава со која се обврза функцијата да ја извршува совесно и одговорно и дека ги почитува Уставот и законите на државата.

Професорката на Правниот факултет, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, е избрана на предлог на СДСМ на местото на пензионираниот судија, Јован Јосифовски, чиј мандат истече на почетокот на минатата година.

Дабовиќ-Анастасовска дипломирала на Правниот факултет во Скопје, каде завршила и постдипломски студии по граѓанско право, а подоцна и докторирала.

Share This Article