More

    СО 250 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ СЕ БОРИМЕ СО КРИЗАТА

    spot_img

    Трета година предлагаме буџет во време на криза. Буџет за справување со кризата и предвидени 250 милиони евра, буџет за развој со капитални инвестиции од 795 милиони евра, а при тоа се прави фискална консолидација, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на Топ тема.

    – Со овој буџет ако гледаме номинално остануваме на исто ниво на буџетски дефицит од 695 милиони евра како и во 2022 година, но процентуално во однос на БДП ако тоа значи 5,3% оваа година, за наредната година тоа претставува намалување на дефицитот како процент од БДП на 4,6%. Во 2020 година за споредба беше 8,1% од БДП, потоа во 2021 година проекцијата беше 6,1%, а остваривме 5,5% буџетски дефицит и во 2022 година планиравме консолидација на 4,3%, но поради поголемиот ефект од енергетската криза со ребалансот проектиравме 5,3% буџетски дефицит од БДП – појасни министерот.

    Министерот потенцира дека буџетот за 2023 година е прв буџет кој се предлага согласно новиот Закон за буџети, во кој  се предлагаат фискални правила, кои меѓу другото се однесуваат и на нивото на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

    Како што рече јавниот долг поради кризата и справувањето со ефектите од таа криза  забележа раст во 2020 година за 10 % и достигна ниво од 61%, но дека во периодот после тоа, преку политиките што се спроведуваат, тој се намали и сега е на ниво од 55,7 % од БДП.

    Дополнителни мерки за фискална консолидација, е и планот за штедење од страна на сите институции, односно освен предвидените повеќе средства за електрична енергија, другите ставки во буџетот за наредната година како дневници и патни трошоци, мебел, возила и слично се намалени.

    Со буџетот за 2023 година, министерот рече, дека е инкорпориран пораст на минималната плата што ќе следи согласно утврдената методологија и потенцира дека нема да има намалување на плати во јавната администрација, туку дека се подготвува нова методологија за усогласување на сите плати со минималната, за што треба да завршат преговорите и да се направат законски измени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img