More

    Сноуден упати порака до политичарите и до новинарите

    spot_img

    Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден денеска упати порака до „секој политичар и новинар“ дека не можат да го спасат рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, но дека можат да го спасат основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кому му се заканува можна екстрадиција во САД.

    „Ако молчите сега, кога всушност можете да влијаете на исходот, никогаш не сте се залагале за принципи – само се надевавте на аплауз“ – напиша Сноуден на социјалната мрежа Х.

    Тој додаде дека „жртвата на „злосторството“ (новинарството) на Асанж е државата, а не личност“.

    „Тоа е дефиниција за политичко дело, што договорот за екстрадиција меѓу САД и Велика Британија изречно го забранува“ –  вели Сноуден, кој е во Русија од 2013 година, каде што доби азил и државјанство откако објави серија тајни документи за американски и британски програми за надзор.

    Во Високиот суд во Лондон денеска заврши првиот ден од рочиштата во врска со жалбата на Асанж против одлуката за екстрадиција на САД. Адвокатите на основачот на Викиликс рекоа дека се работи за политички мотивиран случај и дека се прекршени човековите права на нивниот клиент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img