Снимка од безбедносните камери на плажата Ахинос Тути ја покажува пресметката меѓу тројца Бугари во туристичкото место Ханиоити на првит крак на Хаклидики. Во тепачката во преполниот ресторан летаат столчиња, а влегуваат уште тројца мажи. Клиентите бегаат. Се слушаат врисоци и паника.
Волонтер од местото по име Јоанис за бТВ раскажа како дознал за случајот и како влегол во ресторанот:
– Ќерка ми рече дека има мали деца. Сите се забавуваа. Сè се случи за неколку секунди. Како да дојде пеколот. Истрели насекаде. Ја добив опремата и почнав да помагам. Влегов внатре – прво видов човек со куршум во градите. Веднаш повикав брза помош – вели тој.
По масовната тепачка и пукање меѓу Бугари во грчки ресторан на Халкидики, тројцата Бугари кои беа повредени во метежот остануваат во болница, објектот останува затворен, а има зголемено присуство на полиција.
Причините за пукањето сè уште се истражуваат. Според очевидци, во ресторанот имало повеќе од 400 луѓе, меѓу кои и мали деца.