Минатата недела, јапонски вулкан лоциран на островот Ниџима, 150 километри јужно од Токио, експлозивно еруптираше. Моментот на ерупцијата го снимила јапонската крајбрежна стража која вчера (вторник) го сподели видеото.
Се наведува дека ерупцијата достигнала висина од околу 200 метри (656 стапки). Овој вулкански остров е создаден пред десет години. Неговото име се преведува како „нов остров“.