Снимен момент кога проектил погоди трговски центар во Киев

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку осум лица загинаа во ноќниот бомбашки напад врз трговски центар во украинскиот главен град Киев. Украинските власти тврдат дека руските сили го извршиле нападот.

Безбедносните камери го снимиле моментот кога проектилот го погодил трговскиот центар Ретровил во северозападната област Подил. 10-катницата беше погодена од силна експлозија која уништи возила на паркингот и остави кратер широк неколку метри.

Во опожарениот трговски центар сѐ уште чадеше во понеделникот наутро. Уништена е целата негова јужна страна, како и фитнес центарот на паркингот.

На видеото од социјалните мрежи се гледа страшна експлозија, а потоа пожарникарите извлекуваат повредени и крвави луѓе од урнатините. Видеото е вознемирувачко!

Share This Article