More

    Снимале голи деца во нудистички Камп – Уапсени двајца педофили во Истра

    spot_img

    Истарската полиција уапси 61-годишен Германец и 57-годишен Белгиец, кои се осомничени дека во одвоени случаи снимале голи деца во Пула и Ровињ.

    Полицијата во Пула товари германски државјанин за експлоатација на деца за порнографија бидејќи на 7 јуни околу 19 часот снимил голо дете како се тушира во камп во областа Премантура.

    Белгиски државјанин бил уапсен од полицијата во Ровињ поради сомнение дека попладнето на 7 јуни со мобилен телефон снимал и фотографирал деца во нудистичкиот камп.

    Обезбедувањето брзо го запрело и го задржало додека не дошла полицијата која го привела мажот во полициска станица.

    Во двата случаи, полициски службеници извршиле претрес во просториите, возилата и мобилните уреди што ги користеле осомничените.

    Вакви инциденти се случуваат секоја летна сезона на хрватското приморје. Најчесто тоа се странски државјани кои фотографираат голи деца со мобилни уреди, често скриени во чанти и други предмети, пишува Н1 Загреб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img