Снежните бури однесоа 26 животи во САД за еден ден

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Смртоносна снежна бура го зафати Бафало, Њујорк, на Божиќ, заробувајќи луѓе во нивните автомобили, предизвикувајќи прекини во електричната енергија и зголемувајќи го бројот на жртви од силно зимско невреме што ги зафати Соединетите Американски држави, пишува Ројтерс.

Дваесет и осум лица загинаа досега во инциденти поврзани со временските услови, според извештајот на Ен-Би-Си. Си-Ен-Ен утринава објави дека имало 26 смртни случаи.

Извршниот директор на округот Ири, Марк Полонкарц, рече дека бројот на жртвите од невремето се зголеми од три на седум во текот на ноќта во регионот Бафало во далечниот западен Њујорк, каде снегот продолжи да паѓа во неделата достигнувајќи речиси 120 сантиметри.

 

 

 

 

 

Некои од четворицата пријавени мртви во неделата наутро биле пронајдени во автомобили, а некои во купишта од снег, рече Полонкарц, додавајќи дека бројот на жртви од невремето сепак може да се зголеми.

- Advertisement -
Ad image

„Ова не е Божиќ на кој некој од нас се надеваше ниту очекуваше, но обидете се да имате што е можно посреќен Божиќ денеска“, напиша денеска Полонкарц на Твитер.

„Моето најдлабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските“.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, им изјави на новинарите дека била во контакт со Белата куќа и дека администрацијата на Бајден ќе го поддржи барањето на државата за федерална декларација за катастрофа.

- Advertisement -
Ad image

„Ова ќе остане запишано во историјата како најразорната бура во Бафало“.

Share This Article