More

    Снежниот бран ја зафати Србија, а утрово први побелеа планините, меѓу кои и Тара, која веќе е покриена со снег

    spot_img

    Снежниот бран ја зафати Србија, а утрово први побелеа планините, меѓу кои и Тара, која веќе е покриена со снег.

    Според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) се очекува да наврнат и до 35 сантиметри снег.

    – Вистинска зимска идила во зори. Сѐ е покриено со снег, снегот падна во текот на ноќта. Искрено, време е. Според некои проценки, паднале околу 10, 15 сантиметри, но велат дека ќе врне во текот на денот. Сѐ додека нема несреќи и проблеми со струјата, ќе биде добро – велат мештаните од Тара, пренесуваат српските медиуми.

    Во текот на ноќта и раните утрински часови снег паѓаше и на Златибор каде наврнаа нови 10 до 20 сантиметри снег. На терен веднаш се испратени надлежните екипи за расчистување на патиштата.

    Поради ледениот бран и снегот, активиран е жолт метео аларм за регионот на западна, источна, југоисточна и југозападна Србија, како и за територијата на Косово. Ова предупредување значи дека времето може да биде потенцијално опасно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img