More

    Снежна идила во Србија, Косово и Хрватска

    spot_img

    Снежна идила во Србија. Утринава е измерен снег на планините и до 15 сантиметри.

    Како што пишуваат српските медиуми, во моментов сите патни правци од прв приоритет се проодни.

    – Во текот на ноќта била ангажирана тешка механизација, а околу два часот по полноќ биле ангажирани и грејдери на Златибор. Многу врнеше снег, камионите не беа исклучени цела ноќ. На теренот имаше 13 камиони, а најкритични се делниците преку Златибор, Златар и Кадињача. Во соработка со сообраќајната полиција воведена е забрана за шлепери – изјави Ален Мушановиќ од Путево Ужице.

    Во центарот на Нова Варош и Златибор висината на снегот е околу 10 сантиметри, а на околните планини висината варира од 15 до 20 сантиметри, во зависност од надморската височина.

    Во моментов во западна Србија снегот паѓа со послаб интензитет, а температурата е неколку степени под нулата.

    Снежна бура во Косово: блокиран патот Приштина-Пеќ

    Делови од Косово се целосно побелени од обилните снежни врнежи, а како резултат на тоа, создадени се и големи тешкотии во сообраќајот, пренесуваат тамошните медиуми.

    Како што пишуваат, има и долги редици на патот Приштина-Пеќ.

    Овој патен правец е блокиран од камиони и автобуси, поради тоа што автопатот не е исчистен од снег.

    Црвен метеоаларм во Хрватска, во прекин дел од траектните линии

    Метеоролозите издадоа црвено предупредување за делови од Хрватска поради силно невреме со ветер и над 130 километри на час.

    Времето е многу опасно и подразбира високо ниво на опасност по здравјето,а постои и значителен ризик од оштетување на крајбрежната инфраструктура, велат од хрватската управа за хидрометеоролошки работи.

    „Бидете свесни за опасностите и внимавајте и следете ги најновите временски извештаи. Ја советуваме јавноста да избегнува патување и престој во близина на загрозени крајбрежни области. Голема е веројатноста фериботите да не пловат, па доколку патувате следете ги сообраќајните информации“, предупредуваат од хрватската управа за хидрометеоролошки работи.

    Во прекин се и дел од траектните и катамаранските линии поради неповолните временски услови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img