Полициски службеници од Полициското одделение Галате вчера во 00.25 часот во гостиварско Врапчиште лишиле од слобода 50-годишна гостиварка која била пријавена од нејзиниот 69-годишен свекор од Гостивар дека му се заканувала.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.