Добро утро пијалок.
Состојки:
– 2 големи јаболка
– 100 мл млеко
– 100 мл густ јогурт
– 40 гр овесна каша
– грст ореви
– една кафена лажичка цимет
Подготовка:
Јаболкото исечкајте го на коцки, ставете го во блендер, па додајте ги останатите состојки.
Сè убаво измешајте и истурете во чаши.
Посипете со уште малку цимет и сечкани ореви, па послужете.
Пријатно!