More

    Смрзнувачко утро и променлив ден

    spot_img

    Променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и понекаде на повисоките места, особено во западните делови ќе има и повремени врнежи од снег и зголемување на снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието, информираат од УХМР.

    Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и понекаде краткотрајно од снег. Од утре ќе почне почесто да дува умерен до повремено засилен јужен ветер кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во постепен пораст, а дневните позначително кон крајот на работната недела.

    Минималните температури утрово се движат од -5 до -9 степени. Максималните дневни температури ќе изнесуваат од 0 до 9 степени.

    Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе падне до -7 степени, а максималната ќе достигне до 5 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img