More

    Смртно застрелан кичевчанец, полицијата приведе 4 лица

    spot_img

    Жител на Македонски Брод чистејќи ја ловечката пушка вчера смртно го застрела 31-годишниот Д.С. од Кичево со кого заедно биле на лов.

    Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

    Како што информираат од МВР полициски службеници од ОВР Македонски Брод ги лишиле од слобода Т.Т.(63) од Македонски Брод, А.Т.(39) од Македонски Брод, Д.Д.(21) од с.Суводол, Македонски Брод и И.М.(29) од Кичево, поради сомнение за инволвираност во кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

    „Околу 23.00 часот Т.Т. пријавил дека во дворот од неговата куќа во с.Калуѓерец, општина Македонски Брод, при чистење на ловечка пушка, пушката испукала еден куршум кој го погодил Д.С.(31) од Кичево, со кого сите заедно биле на лов. Од здобиените повреди Д.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, информираат од МВР.

    Оттаму додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img