Сметките за парно ќе се намалат за 60 отсто

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вкупната количината на топлина што се троши во Скопје е 500-510 гигават часови. „Митилинеос“ ќе произведува 275. Во моментов Те-То произведува 280, а околу 220 топланите, при што цената на топланите е два пати повисока од таа на Те-То. Цената на Те-То, што ја утврдила Регулаторната комисија е 2,3 денари, а на топланите е 5,3 денари, рече директорот за развој и инвестиции на ЕСМ, Виктор Андонов во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Тој додаде дека кога цената на топланите од 5,3 денари, ќе се замени со 2,3, ќе се намалат сметките за парното во Скопје.

– Ваквите електрани се поефикасни од топланите, бидејќи произведуваат и струја и топлина. Таа цена што ја плаќаме за топланите 5,3 денари, сега ќе биде 2,3. Кога ќе влезе во целиот систем, сметките за струја ќе се намалат за над 60 проценти о- бјасни Андонов.

Тој рече дека дополнително со инвестицијата на „Митилинеос“ се обезбедува и постојано греење за скопјани, за да не се случи ситуација како таа со БЕГ, што поради покачувањето на цената на гасот, скопјани останаа без топлинска енергија.

Share This Article