More

    Сметката на еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, по разводот со првата сопруга Мекензи Скот се „олеснила“ за 38 милијарди долари

    spot_img

    Сметката на еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, по разводот со првата сопруга Мекензи Скот се „олеснила“ за 38 милијарди долари.

    Од поранешната сопруга добил финансиски удар, бидејќи немале потпишано предбрачен договор. Откако се „изгорел“ првиот пат, одлучил да влезе во втор брак, сигурен дека ќе може да се извлече од истиот без да изгуби и најмал дел од богатството.

    Веднаш по свршувачката, адвокатите на Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез имале „полни раце со работа“. Пред да стапат во брак, на барање на Безос мора да се склопи предбрачен договор во кој милијардерот би го осигурал својот имот. Џеф ја запросил својата сакана со дијамантски прстен од 20 карати, кој чинел 2,5 милиони долари, додека тие пловеле на неговата јахта вредна 500 милиони долари, во близина на Кан.

    Безос не се штедел воопшто финансиски кога Лорен е во прашање, но немал намера да го дели своето богатство, доколку дојде до крај на бракот. Во оваа ситуација, Безос ги штити своите пари, додека Лорен своите недвижнини.

    Во 2016 година, како голем вљубеник во хеликоптери и телевизиско новинарство, Лорен Санчез ја снимила серијата „Black Ops Aviation“ и работела за големи телевизиски куќи како што се „Еј-би-си“, „Дискавери Канада“, „Сони“, „Нетфликс“, „Екстра“ и „Блу оринџ“. Таа сакала да го задржи сето она што го заработила во текот на кариерата, како и Безос, во случај нивниот брак да се распадне.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img