Смена на директорската позиција во охридската болница – Асен Шајн заминува, а Мимоза Влаши Хиса е нов ВД директор
Откако Алијанса за Албанците го презеде Министерството за здравство на РСМ, според коалицискиот договор добиваат и одредени директорски места во здравствените институции во Македонија. Новиот министер за здравство д-р Фатмир Меџити покрај смена на директорските места низ клиниките во Скопје, од својот коалициски партнер СДСМ го добил и директорското столче во ЈЗУ Општа Болница Охрид.
Воопшто не е случајно што СДСМ го отстапува ова раководно место и тоа во Охрид каде според демографските податоци живеат само 9 % Албанци, но секако изнајдоа формула да се спасат од срамот со назначувањето на најнеупешниот директорски кадар во историјата на македонското здравство, наречено Асен Шајн.
Од друга страна, Алијанса за Албанците предлага врвен гинеколог на позицијата ВД директор, д-р Мимоза Влаши Хиса.
За ппозицијатаВД директор АА и министерот д-р Фатмир Меџити имале избор околу две имиња и тоа, д-р Фета Елмази од одделението за ОРЛ и еминентниот гинеколог д-р Мимоза Влаши Хиса. На крај се определиле за д-р Мимоза Влаши Хиса, која е и одличен избор. Д-р Мимоза Влаши Хиса е родена во Велешта, Струга. Во родното место завршила основно училиште, средно училиште и висoко образование во Скопје, а специјализирала на Гинеколошката клиника во Скопје. Учествувала на бројни меѓународни и домашни конгреси, симпозиуми, работилници. Завршила едукации за 4-Д ултрaзвук и лапараскопска хирургија во Турција и Словенија. Од 2003 година е вработена на одделението за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Општа болница Охрид, а од 2017 година е на раководна функција на гинекологија, акушерство и постнатално згрижување.
Во 2020 година, д-р Мимоза Влаши Хиса ја доби и престижната повелба ‚‚Свети Климент‘‘ – Патрон на град Охрид за особени заслуги во хуманизмот.
Редакцијата Охридскај во неколку наврати денес се обиде да добие потврда и од преетседателот на АА г-дин Арбен Таравари,но до објава на статијата ,не добивме одговор на телефонските повици од претседателот на АА .