More

    Слушнете само како младиот Зеленски зборуваше за Русите во Украина

    spot_img

    Додека војната во Источна Европа меѓу Русија и Украина не стивнува, на Твитер беше објавено видео од говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски од пред неколку години.

    Имено, она што особено изненадува, имајќи ја предвид целата актуелна ситуација, е фактот што Зеленски тогаш раскажа сосема друга приказна.

    Тој тогаш рече дека на луѓето во Крим треба да им се дозволи да зборуваат руски јазик, дека јазикот никогаш не треба да ја дели нивната земја и дека тоа е ист народ и иста крв.

    – На исток, на Крим, луѓето сакаат да зборуваат руски. Оставете ги на мир, само оставете ги на мир. Дозволете им законски да зборуваат руски јазик. Јазикот никогаш не треба да ја дели државата. Јас сум со еврејско потекло, зборувам руски и сум жител на Украина. Ја сакам оваа земја и не сакам да јазикот да ја дели. Русите и Украинците се братски луѓе, познавам илјадници, милиони луѓе кои живеат во Русија и кои се прекрасни луѓе. Ние сме иста боја на кожа, иста крв, се разбираме, без разлика на јазикот – вели Зеленски.

    Во описот на видеото, корисникот навел „Пред (Зеленски) да се сретне со НАТО“.

    На ова следеше одговорот на еден корисник, кој изјави дека „тој го знаел НАТО од самиот почеток и дека тоа била негова глума за да добие гласови“.

    Набрзо следеа коментарите на корисниците на оваа социјална мрежа, кои истурија „оган“ врз украинскиот претседател за неговото, како што велат, „лицемерие“.

    „И сега се прави дека не знае руски“, „Леле, што стана со Зеленски? Сигурно се има продадено“, следуваше одговорот на претходниот коментар.

    „Колку парите ги корумпираат луѓето“, напишал друг корисник.

    „Ова признание на националната телевизија дека оние кои се гледаат себеси како „Руси“ се прогонувани во Украина. Пред да реши да се преправа дека тоа никогаш не се случило затоа што тоа го кажаа САД и Европа“, напиша една личност под објавата.

    „Ова е пред да го грабнат Сорос и Хантер“, гласи еден од многуте коментари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img