Четири непроспиени ноќи, постојаното ѕвонење и кликање во ушите и чувството дека нешто и е заглавено во ушниот канал ја натерале Тајванката да побара лекарска помош.
Кога ја посетила клиниката за уво, нос и грло, лекарите откриле пајак кој се намотува во нејзиното лево уво, пренесува ScienceAlert. Младиот пајак веројатно се засолнил на темно место за да го отфрли својот тврд надворешен слој за време на неговиот скок на раст.
Според медицинскиот персонал на градската болница Таинан во Тајван, оваа 64-годишна жена не почувствувала никаква болка, а пајакот бил со мала големина од 2-3 милиметри. Но, тоа предизвика голема непријатност.
„Постои исклучително чувствителен, тенок слој на кожа што го обложува ушниот канал наречен надворешен аудитивен канал“, објасни Дејвид Касле, лекар од Одделот за синуси и алергии во Јужна Флорида.
Каналот е обложен со ситни влакна и потни жлезди, па „поради неговата чувствителност, може да почувствувате лазење или скокоткање што може да стане неподносливо“, додаде тој.
Експертите наведуваат дека одвреме-навреме имаат пациенти кои пронаоѓаат инсекти во увото и дека најголем дел од штетата се случува кога човекот се обидува да ја истера бубачката.
За среќа, оваа Тајванка останала неповредена, а нејзините симптоми исчезнале штом лекарите го отстраниле пајакот.