Кристијано Роналдо пред неколку месеци го потпиша најголемиот договор во фудбалската историја според кој речиси три години во клубот од Саудиска Арабија Ал Наср ќе заработи дури 500 милиони.
Познато е дека Португалецот сака луксузен живот, па затоа има голем број слуги во својата куќа.
Роналдо добро ги плаќа, но соработката со најпопуларниот играч на светот значи откажување од нормален живот.
Така готвач, батлер или собарка месечно заработува 5,2 илјади евра. Сепак, секој чекор во замокот на Роналдо и потпишување договор значи откажување од животот што го имавте претходно, и сето тоа поради еден детал.
Имено, Роналдо потпишува „смртен договор“ со секој член на персоналот, односно секој вработен се обврзува да не кажува ништо за животот на Португалецот 70 години по неговата смрт.
Португалецот игра одлично и оваа сезона и е најдобар стрелец во Саудиска Арабија со девет гола на само шест одиграни натпревари.