Словенечкиот амбасадор Прескер вели дека во земјава ќе се претстават доверливи работодавци

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сакаме странските работници кои одлучуваат да работат во Словенија да бидат добро информирани за нивните права и должности, вели амбасадорот на Словенија во Северна Македонија, Грегор Прескер, во пресрет на настанот „Живот и работа во Словенија“ што ќе се одржи од 27-29 ноември во три града во земјава.

Настанот „Живот и работа во Словенија“ ќе се одржува од 10 до 17 часот во Скопје (27.11.2023), Прилеп (28.11.2023) и во Битола (29.11.2023). На овие настани ќе се претстават истакнати словенечки работодавачи од различни индустрии, пред сè, во областа на здравството, грижата за стари лица, транспортната и преработувачката индустрија.

Зошто се решивте за соработка на настанот „Живот и работа во Словенија“?

– Сакаме странските работници кои одлучуваат да работат во Словенија да бидат добро информирани за нивните права и должности. Во соработка со Агенцијата за вработување на Република Словенија, можеме да обезбедиме на настанот да бидат претставени доверливи работодавци кои го почитуваат законот и обезбедуваат добри услови за работа. На тој начин, барателите на работа ќе добијат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија, како и релевантна правна заштита со релевантни информации.

Какви се односите меѓу Словенија и Северна Македонија? Каква е политичката, стопанската и развојната соработка меѓу двете земји?

– Односите меѓу двете земји се одлични уште од признавањето на независноста на Северна Македонија во 1992 година и отворањето на Амбасадата во Скопје, која беше дури и првата странска амбасада во земјата. Во текот на три децении, Словенија и Северна Македонија изградија примерни политички односи, бројни партнерства од областа на стопанството, културата, образованието, одбраната, внатрешните работи (полицијата) како и други области.

Словенија е долгогодишен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроатлантски пат и по полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, се фокусира на пренесување на словенечкото искуство во преговарачкиот процес за влез во ЕУ. Активно сме ангажирани и за добивање поддршка од другите земји-членки на ЕУ во овој процес.

Словенија и Северна Македонија се важни стопански партнери. Во 2022 година, трговијата со стоки е зголемена за 14%. Позитивното економско опкружување и правичната законска рамка се клучни елементи за натамошно зајакнување на нашата билатерална стопанска соработка со акцент на инвестициите.

Северна Македонија е еден од главните приоритети на Словенија во областа на развојната соработка. Од 2010 година до денес има добиено приближно 37,7 милиони евра од словенечкиот фонд за развојна соработка.

- Advertisement -
Ad image

Словенија издвојува најголем дел од развојната помош за младите од Северна Македонија, кои се ослободени од школарина за додипломски и постдипломски студии на словенечките универзитети. Тие го привлекуваат вниманието кон себе со своите професионални и научни достигнувања и со богатите културни активности на нивните здруженија. За успехот на македонските студенти во Словенија говори и тоа што еден од нив моментално е министер во владата на Република Словенија.

Како членството во ЕУ влијаеше на Словенија и на нејзините жители?

– Од нејзиното членство во Европската унија во 2004 година, Словенија постигна значителен економски и социјален напредок. Словенија стана членка на единствениот пазар на ЕУ, кој е најголемата економска област во светот. Словенечките компании можеа да започнат слободно да тргуваат со стоки и услуги во другите земји на ЕУ. Ова го стимулираше економскиот раст и отвори нови работни места. Дополнително, ЕУ обезбеди финансиска помош за Словенија за развој и поддршка на економијата. Резултатите од овие промени беа видливи со економскиот раст на Словенија. БДП по глава на жител порасна за повеќе од 50% од 2004 до 2022 година. Словенија стана една од најстабилните економии во регионот.

- Advertisement -
Ad image

Членството во ЕУ ѝ донесе многу социјални предности на Словенија. ЕУ им го гарантира правото на слободно движење на граѓаните на ЕУ. Словенците можеа да започнат слободно да патуваат, да живеат и работат во други земји на ЕУ. Ова ги зголеми можностите за граѓаните и придонесе за поголема мобилност на работната сила. ЕУ, исто така, обезбедува високи стандарди за заштита на човековите права и демократијата. По пристапувањето во ЕУ, Словенија мораше да го прилагоди своето законодавство на заедничките правни стандарди на ЕУ, што придонесе за подобрување на човековите права и демократијата во Словенија.

Поради овие причини, Словенија силно ја поддржува Северна Македонија во нејзиниот реформски процес и усогласување на законодавството со европското право.

Share This Article