Словенечки државјанин и српски државјанин загинаа во сообраќајна несреќа во Црна Гора. Уште шест лица се повредени.
Словенечки државјанин и српски државјанин загинаа во судир на камион и патничко возило на главниот пат меѓу Даниловград и Никшиќ во Црна Гора во четвртокот попладне, соопшти црногорската полиција. Шест лица се повредени, јавува црногорската новинска агенција Мина.
Несреќата се случила околу 16 часот и 30 минути во местото Кујава, а сообраќајот во областа извесно време бил во прекин, соопшти црногорската полиција.