Словачкиот премиер поднесе оставка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Словачкиот премиер Едуард Хегер денеска изјави дека ја доставил својата оставка до претседателката Зузана Чапутова, по долготрајната политичка криза.

– Побарав од претседателката да ми го одземе мандатот – изјави Хегер, кој е на чело на преодната влада од декември.

Хегер рече дека сите негови одлуки ќе бидат усогласени со Чапутова, со која ќе се сретне во текот на денот.

Словачкиот парламент на 15 декември и изгласа недоверба на коалициската влада предводена од Хегер. Оттогаш тој раководи со преодна влада до одржување нови избори на 30 септември.

Неодамна политичката криза се продлабочи во Словачка, земја со 5,4 милиони жители, членка на Европската унија и НАТО.

Министерот за земјоделство Самуел Влчан во четвртокот ја објави својата оставка откако беше откриен случај во врска со субвенција од 1,4 милиони евра доделени на неговата компанија.

Следниот ден и министерот за надворешни работи Растислав Качер изрази желба да ја напушти владата, но не ги прецизираше причините за неговата одлука.

Share This Article