На социјалните мрежи кружи потресно видео на кое се гледа како слоница се обидува да го оживее своето мртво слонче.
На видеото, направено во Асам, се гледа како женката го повикува и клоца бебето додека тоа лежи неподвижно во реката.
– Младенчето залутало од стадото и починало пред три дена – јавува НДТВ.
Слоницата сепак го носела слончето околу два километри и се обидел да го оживее ставајќи го во реката.
Сусанта Нанда од Индиската шумска служба ја објави снимката на Твитер и рече дека сцената му го „скрши срцето“.
– Слончето умре, но мајката не се откажува. Таа го носи мртвото бебе два километри и се обидува да го оживее ставајќи го во вода. Одекнува мајчиниот плач – напиша Нанда.