До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури, информираше УХМР.
„Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места“, се вели во соопштението.
Прогноза за 28.11.2024
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 15°C
Наутро со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Прогноза за 29.11.2024
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 14°C
Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во текот на ноќта вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Прогноза за 30.11.2024
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.