More

    Следува продолжен викенд

    spot_img

    Неделава има продолжен викенд за работниците, а во месец октомври уште еден неработен ден среде седмица.

    Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, до крајот на 2024 година неработни денови за сите граѓани се:

    • 11 октомври (петок), Ден на народното востание;
    • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,
    • 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник).

    За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

    За граѓаните припадници на албанската заедница неработен ден ќе биде 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

    За граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден ќе биде 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

    За граѓаните припадници на бошњачката заедница – 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

    За граѓаните припадници на турската заедница неработен ден ќе биде 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

    Идната година, 2025, ќе имаме помалку продолжени викенди.

    Зошто утре е неработен ден?

    Утре се празнува Денот на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ, познат и само како 11 Октомври. Востанието се дигнало против фашизмот, со што започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен настан во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија станала жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img