Следува јавна расправа, партиите со спротивставени ставови

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Предлог законот за воведување една изборна единица помина на комисијата за политички систем иако имаше и пратеници со различни ставови во однос на овој предлог, пишува ТВ21. Павле Трајанов кој е еден од потписниците за воведување една изборна единица во образложението објасни зошто е потребно воведување на една изборна единица со пропорционален модел и без изборен праг.

– Овој модел вака како што ние го предлагаме обезбедува поголема застапеност со своите влијанија на граѓаните отколку вака како што е сега кога имаме 6 изборни единици. Составот на парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните. Помалите етнички заедници ќе бидат застапени во парламентот преку директно вклучување во изборниот процес без да бидат вклучувани во коалиции со големите политички партии – истакна Павле Трајанов.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат овој предлог и велат дека гласот на секој граѓанин треба да е еднаков и треба да тежи секаде исто. Тој ги повика и другите партии да го поддржат за повторно да не заглави и да не биде донесено.

– Принципиелно го поддржуваме ставот за една изборна единица и во оваа фаза ќе го поддржиме овој закон да продолжи да се дебатира за изборниот модел и за оваа исклучително битна тема во експертската и пошироката јавност се со една цел развој на демократијата и продолжување на демократските процеси во државата – посочи Никола Мицевски.

Предлогот наиде на поддршка и од СДСМ, но се бара за тоа да има консензус од поголемиот дел од партиите.

– СДСМ како политичка партија го промовира изборниот модел со една изборна единица и тоа не е спорно и тоа беше и во политичката програма уште 2016 година. Но, исто така дециден е и конзистентен е дека до промена на изборниот модел мода да дојде преку широк консензус – порача Снежана Калевска Ванчева.

ДУИ не се согласува со промена во една и се за постојниот модел од 6 изборни единици.

– Изборниот модел секако дека ни дава една слика на хетерогената слика на општеството. Мислам дека изборниот модел со 6 единици најубаво ова ни го рефлектира. Ние ќе продолжуваме со овие дискусии како ДУИ но секако дека со аргументи не можеме да дозволиме да се направи мајоризација на една партија кон друга политичка партија – вели Вјолца Адеми.

Алијанса за Албанците останува на својот став дека треба да има 8 изборни единици колку што има регионални економски зони.

– Јас сум за промена на изборниот модел за помалите партии да не бидат дискриминирани. Ние фактички не сме и за 6 изборни единици како Алијанса на Албанците и предлогот каде што ние се повикуваме на науката е предлогот на Албанците значи оваа држава да биде поделена на 8 изборни единици согласно законот за рамномерен регионален развој – рече Халил Снопче.

Предлогот за една изборна единица помина со 11 гласа за, по што треба да следи и отворена јавна расправа за промена на овој модел.

Share This Article