Следни чекори се решавање на статусот на МПЦ и надминување на црковниот спор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот Стево Пендаровски го прими поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, се разговараше за актуелностите поврзани со решавањето на статусот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и надминувањето на црковниот спор.

Претседателот уште еднаш изрази честитки за признавањето на каноничноста на нашата црква од страна на Вселенската Патријаршија, со што се отвора просторот за градење на духовно единство со православниот свет и го оцени чинот како признание за нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија.

Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го информираше претседателот Пендаровски за наредните чекори во процесот на целосно заокружување на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, за што и двајцата соговорници се согласија дека е од врвен национален интерес, стои во соопштението на Кабинетот на Пендаровски.

Share This Article