More

    Следната недела ќе дознаеме кои производи ќе поевтинат

    spot_img

    Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека од март следната година ќе се зголемува минималната плата.

    Преку оваа одлука тој најави дека се залага за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

    Дурмиши најави дека во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, како што најави, ќе се расправа за зголемувањето на минималната плата.

    Министерот рече дека постојано е во контакт со стопанските комори, синдикатите, трговците и со производителите.

    – Во март следната година, според законот, ќе се направат пресметки и ќе се види колку ќе биде минималната плата. Во буџетот се предвидени средства за покачување на минималната плата, но колку ќе биде ќе видиме во јануари и во февруари. Граѓаните ќе бидат известени следната недела. Подготовката за новогодишната кошничка е при крај, со оваа мерка се планирани да бидат опфатени повеќе од 600 производи, но повеќе детали ќе ви дадеме следната недела бидејќи се планира кошницата да биде објавена некаде во четврток или во петок – рече Дурмиши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img