More

    Следи ново зголемување на цената на какаото

    spot_img

    Водечките преработувачи на какао од Брегот на Слоновата Коска и од Гана ја прекинаа работата со образложение дека не можат да обезбедат суровина. Дел од компаниите во овие земји, пак, го намалија производството за 20% бидејќи тешко обезбедуваат суровина. Ова може дополнително да ја зголеми цената на какаото која минатиот месец достигна 5.874 долари за тон и се заканува да се одрази на цената на производството на чоколади.

    Се проценува дека проблемот ќе биде уште поголем бидејќи  овогодинешниот род би можел да биде послаб од ланскиот  за повеќе од 10%.

    Ова е четврта година по ред на во која е намалено производството во двете земји кои произведуваат повеќе од 60 отсто од какаото во светот.

    Производителите на какао и чоколади веќе ги зголемија цените по три години лоша жетва на какао, а се очекува и годинава да се случи истото.

    Минатиот месец светските цени на какаото  достигнаа рекордни 5.874 долари за тон на суровинскиот пазар во Њујорк.

    Производителите на чоколади  веќе ги зголемија цените повеќе  од двојно во текот на изминатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img