More

    Славој Жижек предизвика бура на Саемот на книгата во Франкфурт

    spot_img

    Словенечкиот филозоф Славој Жижек на отворањето на Саемот на книгата во Франкфурт со својот говор за конфликтот на Блискиот Исток предизвика бурни реакции.

    – Причекајте со аплаузот. На крајот нема да ракоплескате. Горд сум што сум тука, на книжевниот саем. Книгите денес ни се потребни повеќе од кога и да е. Без нив нема решение за грозната војна во Газа. Безусловно го осудувам хамасовиот напад на Израелците долж границата со Газа – без какви и да е ’ако‘ или ’но‘. На Израел му го признавам правото да се брани против заканата. Сепак, Палестинците треба да се слушнат и да се земе предвид и нивната страна за да се разбере конфликтот. Не може да има мир на Блискиот Исток без решавање на палестинското прашање – рече Жижек на отворањето на Саемот на книгата во Франкфурт, на кој Словенија оваа година е земја во фокусот.

    За време на говорот на Жижек, некои гости ја напуштија салата во знак на протест, меѓу кои и комесарот на Хесен за борба против антисемитизмот Уве Бекер. Говорот беше прекинат. Бекер подоцна се врати во придружба на локални политичари од Франкфурт. Тој го обвини Жижек за релативизирање на злосторствата на Хамас, а Жижек тоа го негираше.

    По настанот, Бекер за германската новинска агенција ДПА изјави дека може да се разговара за се, вклучително и за правата и страдањата на Палестинците, но дека слободата на говорот „има свои граници, особено кога во одреден контекст работите се релативизираат, минимизираат или изедначуваат, каде тоа не е соодветно“, рече комесарот за антисемитизам.
    Пред да биде прекинат говорот, словенечкиот филозоф ја критикуваше „забраната за анализа“ на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Тој рече дека сите претходни говорници зборувале за Израел, но никој не зборувал за Палестинците. Тој исто така рече дека е „скандалозна“ одлуката да се одложи доделувањето на наградата „Либература“ за 2023 година на палестинската авторка Аданија Шибли. Жижек рече дека е горд што е на саемот на книгата, но додеаде дека малку се срами што е овде.

    Директорот на Саемот на книгата во Франкфурт, Јирген Бос, кој беше видно трогнат на крајот од говорот на Жижек, се обиде да ја смири ситуацијата.

    – Тоа е слобода на говор. И тоа мора да го зачуваме овде, тоа ми е важно – рече Бос.

    Треба да може да се прекине говор, нагласи тој, но и додаде дека е среќен „што го слушавме крајот на говорот, иако на некои можеби не им се допадна.

    – Дури и да го осудиме, важно е да се слушаме меѓусебно – рече директорот на Саемот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img