Славните фудбалери вечерале со своите сопруги

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Гостин во ресторан во Мајами тврди дека бил претепан од обезбедувањето откако неговото семејство се обидело да се фотографира заедно на 21-от роденден на својата ќерка, додека Лионел Меси со сопругата Антонела и со Дејвид и Викторија Бекам се забавувале неколку метри подалеку.

Обезбедувањето налутено реагирало бидејќи го обвиниле гостинот во ресторанот дека се обидел да ги фотографира Лионел Меси и неговата сопруга Антонела, што тој го негирал, пренесува „Дејли мејл“, кој објави и видео од инцидентот.

„Скокнаа врз нас, ме исфрлија и ме удрија в лице. Само затоа што еден дечко од нашата група се фотографираше со сопругата, не со Бекам или  соМеси, ништо. Ова беше семејна работа“, рекол повредениот гостин.

Обезбедувањето го исфрлило и го нападнало надвор, а гостинот завршил со крваво лице во раните. На видеото се слуша како неговата сопруга хистерично вика дека тој е семеен човек и дека само слави роденден на својата ќерка.

„Како се осмелувате? Каде е менаџерот? Како се осмелуваш! Тоа е проклето лудо“, викала таа. „Некој мора да добие отказ“, продолжила таа.

Викторија Бекам ја изнела ќерката Харпер (12) од ресторанот по насилната тепачка во ресторанот „Гека“.

Меси и Антонела вечерале во јапонскиот ресторан со колегите од Интер Мајами, ѕвездите Серхио Бускетс, Жорди Алба и семејството Бекам во петокот околу 22 часот кога избила тепачка.

Лионел Меси и Дејвид Бекам во петокот ја прославија во Мајами победата над фудбалскиот клуб Шарлот со 4:0 во Лига купот. Сопругата на Бускетс, Елена, исто така била таму и се фотографирала со Викторија и Антонела по уште една одлична ноќ на фудбалскиот терен за Интер Мајами.

- Advertisement -
Ad image

Пред насилниот настан, Антонела се фотографирала со сопругот и со Викторија Бекам. Нападнатиот гостин се бранел со тоа дека Меси и неговото друштво биле во еден агол, а тој и неговото друштво во спротивниот дел.

Ресторанот во кој се случи инцидентот е во косопственост на порториканската рап-ѕвезда Бед Бани, кој е виден како влегува и излегува од ресторанот, а обожавателите попатно го запирале за да побараат заедничка фотографија.

- Advertisement -
Ad image

Истата вечер, социјалните мрежи се проширија објави на кои се гледа како Меси и Антонела танцуваат во ресторанот. Викторија на својот инстаграм-профил објави колку многу се забавувала таа вечер.

Домаќин на славниот тим бил Дејвид Грутман. Тој на Инстаграм сподели фотографии од таа вечер.

„Лежерен петок“, напишал тој покрај фотографиите. Грутман е пријател на семејството Бекам и е виден на неколку натпревари во Мајами на стадионот ДРВ ПНК.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article