Славниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ приреди крштевка за своите две деца Тара (6) и Стефан(9) во манастирот Острог во Црна Гора.
Tрадиционално, Ѓоковиќ ја избира Црна Гора за место каде што ќе ги одбележи најважните моменти од семејниот живот. Со сопругата Јелена се венча во Свети Стефан, а сега ги крсти децата малку посеверно. Крштевањето го изврши српскиот патријарх Порфирије.
Децата беа облечени во бело за време на церемонијата, а Новак разговараше со патријархот Порфирије пред самата церемонија, пишува Мондо.рс.
Новак многупати има зборувано за тоа колку му значи верата, а последен пат детално зборуваше за тоа кога го освои УС Опен. Тогаш рече дека во најтешките моменти и во животот и во тенисот бара поддршка од Бога.
– Најискрено ќе кажам, од Бог и од ангелите чувари. Во оние моменти кога физички и материјално не можете да ги почувствувате нозете, земјата под вашите нозе се врти, небото над вашата глава, тогаш со верата што ја имаш се надеваш на божествена интервенција. Можеби нема да ми верувате, но ова ми се има случено многупати во кариерата. Се изненадив, ментално размислувајќи, како поминав преку тоа. Можно е ако верувате во Бог и ако верувате дека постои виша сила која ви помага. Го сфаќам тоа сериозно и верувам. Дефинитивно имаше божествено присуство – рече Ѓоковиќ.