Славниот пејач покажа како изгледа откако ослабна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатиот британски пејач Роби Вилијамс покажа како изгледа откако изгуби значителен број килограми. На новите фотографии тој е речиси непрепознатлив.

Фотографиите се направени додека Вилијамс уживал во слободното време со сопругата и нивните деца.

Роби ослабел во пресрет на излегувањето на неговиот нов албум, тој напоменал дека дебелината во неговиот случај е предизвикана од тоа што не може умерено да јаде одреден вид намирница, како што е шеќерот.

„Ослабев, но тоа е постојана борба. Во мене има џиновска личност. Целото мое битие и целото мое тело сакаат да одам во спротивна насока и да бидам морбидно дебел. Во моментов само јадам помалку. Тоа е постојано вознемирување и не е природен начин на живот. За мене е нормално да сум двојно поголем“, рекол Вилијамс, пишува „Мирор“, додека претходно за „Сан“ истакна дека не успеал да го исфрли брашното од исхраната.

Пејачот порачакл и дека тоа што сега е во добра форма го должи и на својата работа. Нагласил и дека за него нема средина, или е покрупен или послаб.

„Се мразев себеси и мислев дека не можам да пеам и изгледав како г…о. Ако некој мислеше дека шетам наоколу мислејќи дека сум важен, всушност беше сосема поинаку“, порачал Вилијамс.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article