Џејк Пол, јутјуберот кој неодамна го победи Мајк Тајсон, ги демантираше гласините дека неговата борба, која се одржа на стадионот „ATендT“ во Тексас пред околу 80.000 луѓе, била наместена.
Многу помладиот боксер, кој почна да ја практикува оваа вештина дури пред неколку години, и исклучиво на вакви егзибиции, славеше по 8 рунди со едногласна одлука на судиите, а откако во јавноста се појави видео каде може да се види дека „Железниот Мајк“ намерно се откажа од добра можност да го нападне Пол, почнаа да кружат шпекулации дека сепак ова е шоу, а не вистинска борба.
Сепак, тоа го демантираше 27-годишниот инфлуенсер, кој победи на 11 од претходните 12 егзибиции (единствениот пораз му го нанесе братот на Тајсон Фјури).
– Што сакаат луѓето? Сакаат само да изгубам. Само така ќе им ја направам играта забавна. Ова е борба, ова е спорт. Понекогаш натпреварите во НФЛ завршуваат со 10 поени на секоја страна и ќе биде здодевно. Што сакате? Она што се случи, се случи. Сите можности се отворени кога ќе влезеш во борбата – изјави тој.
Тој додаде дека е апсурдно тоа што луѓето коментираат како Мајк Тајсон не го удирал со иста брзина и сила како во видеата, на кои се гледа неговиот тренинг, не сфаќајќи дека овој пат Железниот Мајк се борел со вистински човек кој му возвраќа со тупаници., објави Ајриш стар.
За потсетување, и двајцата борци заработија добри суми од мечот во Тексас. Пол собра 40 милиони долари, а Тајсон кој ја имаше последната професионална борба пред 19 години – 20 милиони!
Мечот меѓу Џејк Пол и Мајк Тајсон беше многу очекуван боксерски натпревар кој се одржа на 15 ноември 2024 година на стадионот AT&T во Арлингтон, Тексас. Натпреварот беше емитуван глобално на Нетфликс, со 65 милиони луѓе кои го гледаа настанот истовремено.
Овој меч беше уникатен судир меѓу генерациите и стиловите. Џејк Пол, Јутубер претворен во професионален босер, беше познат по своето влијание на социјалните медиуми и по неговиот агресивен боречки стил. Од друга страна, Мајк Тајсон, поранешен светски шампион во тешка категорија и легендарна фигура во боксот, познат по својата жестока моќ за нокаут.
Дискусиите на социјалните мрежи помеѓу обожавателите на боречките спортови го потпалуваа огнот и ги зголемуваа очекувањата за исходот на борбата. Од една страна, многумина го осудија Џејк Пол бидејќи решил да се бори со Железниот Мајк кој има 58 години и не е во својата врвна кондиција, особено поради здравствените проблеми со кои се соочува боксерот. Многумина навиваа за Мајк Тајсон, иако повеќето сметаа дека тој нема големи шанси да победи.
Сепак, самиот натпревар беше спектакл, при што и двајцата борци ги покажаа своите вештини, иако повеќето сметаа дека Џејк Пол му попушти на Мајк Тајсон бидејќи не сакаше да го понижи. Џејк Пол го победи Тајсон со униформна одлука на судиите. Многу професионални борци, кои сѐ уште се активни, изразија револт, а некои му упатија и закани на Џејк Пол.
Секако, настанот постави рекорди за „најстримуваниот“ спортски настан досега. Исто така, оваа борба предизвика дискусии за иднината на боксот и за улогата на социјалните медиуми во спортот.