Славниот холивудски актерк Ричард Гир и неговата сопруга објавија ретки семејни фотографии. Со четиригодишниот син Александар биле на фармата и се дружеле со животните. Со одењето на село, тие му оддадоа почит на Хомер Гир, таткото на Ричард кој неодамна почина.
Алехандра објави неколку фотографии од излетот. На едната со синот молзе крава, а со нив е и Ричард.
„Во овие времиња, особено ако живеете во град, толку е тешко да уживате во основните задоволства што ни ги дава природата, оние што најмногу ги ценам и оние што сакам да ги всадам во моето семејство. Ова е за нашиот сакан Хомер Гир“, напиша Алехандра.
Да потсетиме, Хомер Џорџ Гир, таткото на холивудскиот актер Ричард Гир, почина на почетокот на месецот на 100-годишна возраст. Тажната вест ја потврди Алехандра на Инстаграм.