Славниот фудбалер ќе биде советник во клубот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот фудбалер и еден од најдобрите напаѓачи во историјата, Златан Ибрахимовиќ, реши по трет пат во кариерата да се врати во Милан. Но, овојпат  славниот Швеѓанец не се враќа како фудбалер, туку како дел од стручниот штаб на италијанскиот клуб, во улога на советник во Управниот одбор на клубот.

– Мојата љубов кон Росонерите никогаш нема да престане. Можноста да бидам дел од иднината на смислен начин е нешто за што можев само да сонувам. Му благодарам на Џери Кардинале што ме покани назад. Долго време размислував за првите чекори од кариерата после фудбалот и не можев да бидам повозбуден што ќе го започнам ова патување како член на Милан. За мене и за моето семејство ова е навистина враќање дома – рече Ибрахимовиќ во емотивната изјава по објавувањето на неговиот нов ангажман.

Тој сега треба повторно да му помогне на клубот и како советник да придонесе за подобрување на резултатите кои во последно време се во значителен пад.

 

Милан го потврди враќањето на Ибрахимовиќ во нивните редови и ја прецизираше неговата нова улога.

– Тесно соработувајќи со сопствениците и раководството на Милан, Ибра ќе има активна улога во спортските и деловните операции на клубот, придонесувајќи за зајакнување на победничката култура. Неговата одговорност ќе вклучува развој на играчи и промоција на глобалниот бренд и деловните интереси на Милан, како и поддршка за специјални проекти од стратешко значење, вклучувајќи го и новиот стадион – појаснија од управата на италијанскиот клуб.

Share This Article