More

    Славниот американски актер првпат добил филмска улога токму во југословенски филм!

    spot_img

    Малку е познато дека славниот холивудски актер Бред Пит ја имаше својата прва филмска улога во југословенскиот филм „Темната страна на сонцето“ во кој глумеше момче кое има болест на кожата. Години подоцна луѓето низ светот зборуваат за мазната кожа на Пит кој се појави на финалето на Вимлбдон и како да не сака да старее!

    А во Србија, пак, луѓето ја споредија неговата кожа со брчките на актерот Драган Бјелогрлиќ. Тие и двајцата имаат по 59 години.

    „60 години на Балканот и во Холивуд“, напиша еден твитерџија покрај фотката во објава која брзо стана хит на социјалните мрежи,  а дури и самиот Бјелогрлиќ подоцна ја пресподели.

     

     

    Интересно е да се забележи како Пит ја толкуваше улогата на Рик Дејл, заедно со Милена Дравиќ која глумеше негова мајка во филмот од 1988 година. Во приказната тој е млад Американец чие семејство го носи на Јадранското Море за да се излечи од кожна болест.

    Режисерот Николиќ од 400 кандидати за главна улога го избрал Бред Пит. Актерот бил многу среќен поради изборот, иако за седум недели снимање му платиле само 1.523 долари.

    Неколку години подоцна започна неговиот подем како актер – „Интервју со вампирот“ (1994), „Легенда за есента“ и „Седум“. Во 1997 година, ги сними „Семе на злото“ и „Седум години во Тибет“, и стана еден од најпопуларните холивудски актери.

    Бред Пит на Вимблдон изгледаше неверојатно. Тој е три години постар од годините на тенискиот ас Ѓоковиќ и неговиот ривал Карлос Алкараз, заедно! Ниту победата на Алкараз над Ѓоковиќ не го сврте вниманието од кожата на Бред Пит.

    „Тој сè уште изгледа неверојатно“, „Човекот зад милиони насмевки“, „Тоа е едноставно нелегално“, гласеа коментарите на социјалните мрежи.

    За да го постигне ова Пит активно вежба, открива британски Телеграф. Ник Фини, неговиот личен тренер од Лондон, чии претходни клиенти ги вклучуваат Роби Вилијамс и Фред Гибсон, признава и дека добрите гени на актерот играат улога.

    – Тој е многу среќен бидејќи е природен ектоморф – тенок е, со ниски телесни масти. Но, тој исто така вложува феноменална количина на работа. Нема магично стапче во оваа работа: тоа е само прогресивен тренинг со отпор, а во превод ова значи да продолжите да кревате повеќе тежина отколку што сте кревале претходната недела. Заморно е, но функционира.
    Деновиве се вели дека Пит не се држи толку строго до здравите диети и вежбите за градење мускули како порано. Тоа значи дека тој продолжува да јаде пилешко, брокула и кафеав ориз како што правел кога се спремал за улогите во „Троја“ или во „Боречки клуб“. Тоа се чисти јадења полни со протеини.

    Глумецот исто така, го заменил алкохолот со зелен чај „Matcha“, газирана вода и сок од брусница. За едно американско списание изјави: „го имам најчистиот уринарен тракт во цел Лос Анџелес, ви гарантирам“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img