More

    Славниот актер носел долги ракави за да ги прикрие модринките на рацете

    spot_img

    Холивудскиот актер и режисер Кевин Костнер е едно од имињата во Холивуд кое речиси сите го знаат, а таа чест ја заслужи со маестралните креации кои ги направи на сцената. Нему му беше доделена и најпрестижната награда во светот на филмот – Оскар за улогата во „Танц со волците“ (Dances with Wolves) од 1990 година.

    Како и секој професионалец, Костнер бил соочен со бројни предизвици во кариерата, но никогаш не сакал да се откаже. Актерот неодамна проговори за своето искуство на снимањето на филмот „Скриени фигури“ (Hidden Figures) во 2016 година, а поради својата искрена изјава уште повеќе го обожаваат и почитуваат.

    Додека работел на филмот, тој добил камења во бубрезите.

    – Никогаш не сум работел пијан на снимање. Никогаш не сум работел издрогиран на сетот, но последните две недели бев на морфиум додека работев на филмот „Скриени фигури“ – изјавил Костнер за магазинот „Пипл“ и додал:

    „Десет дена работев под дејство на инфузија. Не знам ни како. Бев добро околу три дена, а потоа нешто ми се случи“.

    Евоцирајќи спомени од снимањето, актерот открил дека седел сам во својата приколка, со морфиум во рака и морал да носи долги ракави за да ги прикрие модринките од инфузијата, признавајќи дека целото искуство било прилично болно.

    „На крајот морав… Сакав да плачам, но сите гледаа, па не го направив тоа“, изјавил Костнер во емотивното интервју, а корисниците на социјалните мрежи ја поздравија неговата искреност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img