Славната пејачка живее со тумор на мозокот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 65-тото доделување на Греми наградите се собраа голем број од славните лица, како што се Мадона, Џенифер Лопез, Адел, Бијонсе…

Меѓу нив била и Шерли Кроу, славната пејачка и добитничка на Греми (номинирана e дури 32 пати), која со Бони Рајт и Мик Флитвуд ја извела песната „Songbird“ во чест на неодамна починатата музичарка Кристин Мекви.

Шерли, која за неколку денови ќе го прослави 61-от роденден, изглeдала прекрасно на црвениот тепих каде се појавила во елегантен корсет фустан, едноставнa тоалета без ракави со прорез над колената.

 

Симпатичната музичка ѕвезда често е во центар на внимание поради тоа што живее со бениген тумор на мозокот којшто одбива да го оперира. На Шерли ѝ бил дијагностициран менингитис, што го потврдила во 2012 година.

Откако се појавија шпекулациите дека пејачката има рак, таа одлучи да проговори и да ги утеши своите обожаватели објаснувајќи дека нема карцином туку бениген тумор.

„Знам дека некој може да има проблеми со вакви работи, но сакам да ве убедам дека сум добро“, рекла тогаш Шерли.

Како што своевремено објаснила, за својата состојба дознала по проблемите со помнењето, кога се плашела дека боледува од Алцхајмерова болест.

- Advertisement -
Ad image

„Толку се загрижив за своето помнење што веднаш отидов на магнетна резонанца. Дознав дека имам тумор на мозокот“, рекла пејачката.

Инаку, сигурна е дека менингитот настанал поради тоа што претерано го користела мобилниот телефон.

„Тоа ниту еден доктор нема да ми го потврди. Но, имам теорија дека е поврзано со тоа. Можев со часови да го држам мобилниот телефон претходно.“

- Advertisement -
Ad image

 

Меѓутоа, таа не сака да се оперира. Овој тумор многу бавно расте, па Шерли признава дека не сака да има голема лузна која ќе ја потсетува на нејзината болест и грижи.

„На секои шест месеци одам на прегледи, но не сакам да го отстранам поради тоа што тоа би значело да имам уште една голема лузна“, изјавила Шерил.

Имено, пејачката зад себе ја оставила борбата со ракот на дојка поради што била подложена на лумпектомија, односно делумна мастектомија по што во 2006 година била на зрачење. Наредната година се соочила со голема депресија.

Инаку, Шерил денес се чувствува добро, а во интервјуто туморот што го има, го нарекла „уште една нерамнина на патот“.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Share This Article