Познатата музичарка Тори Кели во неделата е итно хоспитализирана. Таа била со пријателите во ресторан кога почувствувала дека срцето и чука забрзано, по што се онесвестила. Била хоспитализирана во блиската болница, а лекарите велат дека нејзината состојба е сериозна. Лекарите откриле згрутчување на крвта во нозете и во белите дробови и истражуваат дали има и згрутчување на крвта околу срцето.
Пејачката Тори Кели била во ресторан во Лос Анџелес кога се пожалила на забрзан пулс. Таа колабирала, а пријателите ја однеле во болницата Седарс – Синаи во Западен Холивуд. Се вели дека несвестицата траела подолго.
Претставниците за печатот на пејачката и текстописец не сакале да коментираат за „Пејџ сикс“.
Двократната добитничка на Греми се подготвувала да издаде нов албум, откако го објави синглот „Missin U“. Поминаа три години од нејзиниот последен албум. Тори Кели беше натпреварувачка во шоуто „Американски идол“.